ДИК прифати приговор на БЕСА

Седница на ДИК

ДИК на денешната седница усвои еден приговор на БЕСА, кој се однесуваше на гласањето во шестата изборна единица во Гостивар. Со 6 гласа за и 3 против, членовите на комисијата донесоа одлука да се поништи гласањето во изборното место, а доколку има разлика да има прегласување на истото.

Членовите на ДИК уште од вчера расправаа по приговорот, а спорно беше, според БЕСА тоа што гласачката Фатиме Сулејмани кога дошла на изборното место сфатила дека некој веќе го искористил нејзиното право на глас. Во ДИК беа повикани на сослушување претседателот и членовите на изборната комисија, како и самата Сулејмани, по што беше донесена одлука да се изврши графолошко вештачење на потписот. Графологот денеска утврди дека нејзиниот потпис бил фалисфикуван.

Вчера ДИК ги отфрли сите останати седум приговори од БЕСА. ДИК останува да расправа уште по еден приговор на СДСМ, кој е во процедура и еден за кој воопшто не е започната расправата.