Отфрлени бомбите, судењето на Груевски на 22 февруари

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Главното рочиште за случајот на СЈО во врска со насилните протести пред општина Центар, во кој обвинет е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, е закажано за 22 февруари. На денешното подготвително рочиште по барање на одбраната беа отфрлени барања на СЈО како доказ да се користат прислушуваните разговори со образложение на судијката Татјана Михајлова дека тие биле набавени на нелегален начин. Таа одби и на СЈО да му овозможи во судот да биде сослушан и заштитен сведок во случајот.

Судскиот процес се однесува на нарачаните шамари за градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и насилните протести пред општината. И поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е на листата на обвинети, присуствуваше на судскиот процес. Обвинението е поднесено против 14 лица за кривично дело насилство, и тоа, за пет лица како поттикнувачи на насилството и девет лица како директни извршители на насилството.