Почна отворената седница на ДИК за приговорите на СДСМ и на Беса

Отворена седница на Државната изборна комисија на 15 декември 2016

Државната изборна комисија ја започна отворената седница за медиумите на која единствена точка на дневен ред е разгледувањето и одлучувањето по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

Проговори поднесоа СДСМ и Беса. Комисијата прво ќе ги разгледува проговорите на Беса, но направи 10-минутна пауза за да утврди дали овластениот претставник на Беса е уредно повикан, но тој во меѓувреме дојде и ги образложува приговорите на Беса.

Претставниците на власта во Комисијата побараа да се утврди дали приговорите на СДСМ се навремено стигнати.

Ако членовите на ДИК ги отфрлат приговорите на политичките партии, тие имаат рок од 24 часа да поднесат тужба до Управниот суд, од каде пак имаат рок од 48 часа да донесат одлука.

И покрај најавите за протест на приврзаници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред просториите на ДИК, таму засега нема никој.