Одложено судското рочиште во Белград за масакрот во Сребреница

„Мајките од Сребреница“ чекаат да почне рочиштето

Српскиот суд го одложи судењето на 8 лица обвинети за учество во масакрот во Сребреница во 1995 година. Судското рочиште беше закажано за 12 декември во судот за воени злосторства во Белград, но адвокатите на одбраната побараа изземање на тројца судии кои се дел од процесот. Ова е прв пат во Србија да биде покренат процес за осомничени во масакрот на 8 илјади муслимани во Сребреница. Осумтемина обвинети се товарат за издавање наредба или учество во убиствата на стотици муслимани од градот Кравица, кој се наоѓа во близина на Сребреница. Станува збор за припадник на специјална полициска единици на босански Срби наречена „Јахорина“. Меѓу обвинетите е командантот на единицата Недељко Милидраговиќ, кој е обвинет дека ги дал наредбите за убиствата.

Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ е обвинет во Хаг за помагање во извршување на масакрот во Сребреница.