Експлозија во Каиро, дваесетина загинати

Од експлозијата во египетскиот главен град Каиро.

Во денешната експлозија во близина на катедралата Свети Петар во Каиро загинале најмалку 20 луѓе, додека триесетина други биле ранети, соопштија египетските власти. Оваа катедрала е седиште на Египетската православна црква и дом на лидерот на таа црква Тавадрос Втори. Египетските христијани познати како Копти сочинуваат 10 насто од населението на Египет. До ова експлозија дојде еден ден откако автобил бомба уби шест полицајци во Каиро.