УНХЦР: Потребно е подобро сместување за бегалците на Табановце и Винојуг

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

„Бегалец сега- човек секогаш“ уметничка инсталација на УНХЦР во Скопје

Што е можно побрзо, треба да се реши проблемот со сместувањето на оние беглаци и мигранти кои останаа во земјава, да им се најде подобро сместување затоа што веќе е зима, а центрите во Гевгелија и Табановце се само прифатни, и не служат за подолг престој. Ова е пораката која ја упати денеска претставникот на Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Мухамед Ариф, по промовирањето на уметничката инсталација, „ Бегалец сега- човек секогаш“. Тој посочи дека во земјава се уште има мал број на бегалци за кои владините институции со помош на УНХЦР треба да изнајдат соодветно решение за нивно подобро сместување.

„Ова требаше до сега да биде решено, бројот е навистина мал и досега не требаше да се зборува за ова прашање, досега требаше да биде решено“, изјави Ариф

Тој посочи дека за 225 луѓе колку што се останати во двата прифатни центри е неопходно да се изнајдат решенија за нивно соодветно сместување.