Кремљ: Нема датум за можна средба меѓу Путин и Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот портпарол Дмитриј Песков на прес-конференција во Берлин. 20.10.2016

Рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за време на нивниот телефонски разговор којшто го одржаа оваа недела дискутирале за можна средба, но не прецизирале каде или кога таа би можела да се случи, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Песков денеска рече оти медиумските извештаи, за тоа дека Трамп планира да ја посети Москва веднаш по неговата инаугурација на 21 јануари, биле „шпекулација.“

Претходниот ден рускиот весник „Известиа“ цитирајаќи „висок извор“ од Републиканската партија на САД, пренесе дека двајцата лидери се согласиле на самит во Москва по инаугурацијата, откако советниците го убедиле Трамп да не патува во Москва претходно.

Песков рече дека „нема конкретни разбирања, договори или проценки“ во однос на предложениот самит.

Тој исто така објасни дека не било дискутирано за можна средба пред инаугурацијата на Трамп.