Израел назначи амбасадор во Турција по 6 години

Израелското знаме

Израел денеска го назначи Ејтан Наех за амбасадор во Турција, прв по 2010 година, откако двете земји пред неколку месеци се договорија да ја прекинат шестгодишната дипломатска криза.

Двете земји ги прекинаа дипломатските односи пред шест години, кога израелските командоси ја нападнаа флотилата со хуманитарна помош, што се обидуваше да ја пробие израелската блокада на Појасот Газа. Во нападот беа убиени 10 турски државјани.Засега нема информации за назначување на турски амбасадор во Израел.