Обама со поддршка за Грција за надминување на кризата

Американскиот претседател Барак Обама со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Американскиот претседател Барак Обама по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина изјави дека реформите кои ги преземала земјата не биле лесни, но биле неопходни за да се засили економијата. Тој воедно упати порака до Европа дека мерките за штедење не можат сами да донесат просперитет. Според Обама, многу е важно да се примени стратегија која ќе му помогне на грчкиот народ во текот на овој период.

Тој изрази и надеж дека Грција и Турција ќе пронајдат решение за проблемот со Кипар и посочи дека длабоко ја почитува помошта што грчкиот народ им ја дава на бегалците. Ципрас изјави дека Грција, и покрај тешкотиите во последните пет години, ќе се зацврсти и ќе продолжи со реформите.