Интерпол доби нов шеф

Новиот претседател на Интерпол Менг Хонгвеј се обраќа на годишното собрание одржано во Бали, Индонезија на 10 ноември 2016

Новиот претседател на меѓународната полиција Интерпол е Менг Хонгвеј кој доаѓа од кинеските безбедносни служби. За прв пат на чело на оваа агенција е поставен кинески полициски претставник. Кинескиот заменик министер за јавна безбедност Хонгвеј денеска е избран за шеф на Интерпол,на годишното собрание кое се одржа на индонезискиот остров Бали.

Неговото поставување на претседателската фунција предизвика остри реакции од активистите кои тврдат дека Пекинг ја користи оваа агенција за пронаоѓање на дисиденти во странство.

„Тоа не загрижува веќе подолго време, дека Кина го користи Интепол за апсење на дисиденти и бегалци во странство,“изјави кинескиот истражувач во Амнести Интернешнл Вилијам Ни за новинската агенција Франс прес.