Објавени пратеничките листи на СДСМ за изборите на 11 декември

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на 20-тиот Конгрес на партијата одржан на 02.10.2016.

СДСМ на 21 Конгрес во хотелот Александар Палас во Скопје вечерва ги објавува пратеничките листи за изборите на 11 декември оваа година.

Поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е носител на првата изборна единица, а потоа на листата следуваат Рената Дескоска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. На оваа листа се двајца непартиски кандидати: Павле Богоевски од Шарената револуција кој е на петотто место и Ивана Туфегџиќ на деветтото.

Во втората изборна единица носител е актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Потоа следуваат Фросина Ремеснки и Мухамед Зекири. На петтото место на оваа листа е предложен професорот Ферид Мухиќ.

Во третата изборна единица, покрај носителот Љупчо Николовски кој е дополнителен заменик министер за земјоделство, се и Благој Бочварски и Јагода Шахпаска.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на чело на четвртата изборна единица, а зад него се неговите сопартијци Хари Локвенец и Катерина Кузмановска.

Во петтата изборна единица носител е потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска која е во друштво со Александар Кирацоски и Томислав Тунтев. Овде Ирена Стефковска е предложена како непартиска кандидатка.

Во шестата изборна единица предводник е портпаролот на партијата Петре Шилегов. На второто место е Ѓулумсер Касапи како непартиски кандидат, а следуваат Благојче Трпески и Даријан Сотировски.

На листите на СДСМ предвидени се и колациските партнери на партијата.