Југохром од полноќ престанува со работа

Протести против загадување на воздухот

Комбинатот за феролегури „Југохром“ од полноќ ќе стави клуч на врата и ќе ги исклучи сите печки.

Државниот инспекторат за животна средина вчера донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече пред два дена.

Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, изјави дека од синоќа етапно почнале со исклучување на печките и дека до полноќ сите печки ќе бидат исклучени.


– Морам да кажам дека досега филтер-станицата ќе беше изградена, но многу чекавме за да добиеме градежна дозвола за нејзина изградба – додаде Скендеровски.

Со затворањето на комбинатот, без работа ќе останат околу 1.000 работници.