Шефот на британскиот МИ5 предупредува на руската агресивност

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ5 Ендрју Паркер

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ5 Ендрју Паркер предупреди дека Русија на интензивно агресивен начин се однесува спрема нејзините опоненети на Запад. „Русија користи широк спектар на државни органи да ја спроведе нејзината политика во странство. Станува збор за агресивни начини како пропаганда, шпипонажа, субверзивни активности и сајбер напади“, изјави тој во интервју за весникот „Гардијан“. „Она што се гледа се руските активности во Украина и Сирија. Но, постои и многу голема активност што не може да се види. Русија е прикриена закана веќе неколку децении, а што е различно од тогаш е што сега има многу повеќе начини и нови технологии за остварување на ваквите активности“, оцени Паркер.