СДСМ и ДС бараат оставка од Спасов

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов

СДСМ денеска побара дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов да понесе одговорност. Од СДСМ соопштија дека Спасов постапил непресметливо и дека тој е лош пример за децата и за секој граѓанин. Според партијата, тој се обидел да избега од одговорност, наместо да се срами и биде совесен и повикуваат полицијата да го расветли инцидентот.

Реагираа и од Демократскиот сојуз кои исто така бараат оставка од Спасов, бидејќи, како што наведуваат, тој нема ниту морален, ниту човечки кредибилитет натаму да извршува јавна функција. Од партијата го повикаа МВР да соопшти што точно се случило и што е преземено против Спасов досега.