Црна Гора избира меѓу Русија и Западот

Избирачко место во Црна Гора. Денеска се одржуваат парламентарни избори.

Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои се гледа како на избор меѓу Русија и Западот. Владејачката Демократска партија на социјалистите, која долго време е на власт, се соочува со про-руски и про-српски опозициски групи кои силно се спротивставија на кандидатурата на земјата за членство во НАТО и пристапувањето во Европската унија.

Прозападниот премиер Мило Ѓукановиќ, кој беше и претседател на земјата и е не власт повеќе од 25 години, се соочува со најтешките предизвици како да се одржи на власт. На предизборен митинг на 14 октомври, Ѓукановиќ рече дека „секој е свесен дека ќе се одлучи судбината на земјата, дали Црна Гора ќе стане членка на ЕУ и НАТО или руски колонија“.

Луѓето гласаат за 17 листи, на кои се застапени 34 партии. Треба да се изберат 81 пратеник во Собранието. Анкетите покажуваат дека партијата на Ѓукановиќ ќе освои мнозинство во Парламентот, но дека ако не е доволно да владее сам, ќе има тешкотии во формирањето на владејачка коалиција.