Музичарот Маџиров повреден во сообраќајна несреќа

Македонскиот музичар и перкусионист Зоран Маџиров, вчера попладнето доживеа тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип-Радовиш откако неговото возило се судрило со товарно возило од марката „Даф“.

Од полицијата информираа дека Маџиров бил пренесен во струмичката болница, а оттаму како итен случај е префрлен на Клиниката за неврохирургија во Скопје со потешки повредиво пределот на главата.Според последните информации кои ги пренесуваат порталите Маџиров е надвор од животна опасност.

Маџиров е роден во Струмица, а со своето семејство живее во Загреб.