Продолжува бомбардирањето на Алепо, уништена болница

Руските воени авиони и владините сириски поддржувачи продолжуваат со воздушните напади на областите во Алепо кои се под контрола на сепаратистите. Бунтовниците и хуманитарните работници обвинуваат дека во нападите уништиле една од главните болници во градот при што загинале најмалку два пациенти.

Во меѓувреме Русија ги услови САД да не ги напаѓаат сириските владини сили оти тоа би водело до “страшни,тектонски последици не само” во Сирија “туку и целосно во регионот”.

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Мариа Захарова исто така предупреди дека промената на режимот во Сирија ќе остави празнина која терористите брзо ќе ја пополнат.

Остриот јазик доаѓа во период во кој Вашингтон ги премерува своите опции додека Русија и сириските воени сили продолжуваат со воздушните напади како поддршка на копнената офанзива на силите на претседателот Башар ал-Асад во областите што се под контрола на бунтовниците во Алепо.

Како што јавува Ројтерс повикувајќи се на бунтовниците и хуманитарните работници, најмалку седум бомби биле фрлени од сириските и руските авиони врз болницата Шакур.

Сириската опсерваторија за човекови права вчера соопшти дека најмалку двајца луѓе загинале,а 13 се повредени при нападот на болницата.Таа е сега комплетно надвор од употреба, уништени се ѕидовите, инфраструктурата, опремата и генераторите, изјави Мухамад Абу Раџаб кој работел како радиолог во болницата.