Притворен осомничениот за нападот во Бурлингтон

Американските власти соопштија дека е притворен осомничениот за смртоносниот напад во трговски центар во западната сојузна држава Вашингтон. Властите соопштија дека станува збор за дваесетгодишниот Арчан Четин, жител на Оук Харбор, Вашингтон. Тој е емигрант од Турција и имал документи за легален престој во САД, покажува полициската истрага. Претходно очевидци велеа дека нападот го извршил маж со латино-американско потекло.
Во нападот кој се случи доцна на 23 септември загинаа пет луѓе, откако вооружен напаѓач отвори оган во стоковна куќа во градот Бурлингтон, околу 100 километри северно од Сиетл.
Засега мотивот за убиството не е познат, но властите рекоа дека нема индикации дека станува збор за терористички акт.