Расправата за Извештајот на СЈО продолжува во понеделник

Расправата за извештајот на Специјалното јавно обвинителство во Комисијата за политички систем ќе продолжи в понеделник во 11 часот, бидејќи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претходно посочи дека поради приватни обврски не може да присуствува на седница во сабота и недела. И покрај тоа што имаше предлози од опозицијата да работи Комисијата и за време на викендот, претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев и пратениците од мнозинството, повикувајќи се на членови од Деловникот, посочија дека не може да се разгледува извештајот без присуство на претставник на институцијата која го поднесува извештајот за работа. СДСМ, пак, смета дека може да се разгледува извештајот без присуство на Јанева и според нив целта на одложувањето на работата е да не дојде на дневен ред Извештајот на Јавното обвинителство на Република Македонија.