Мали ефекти од ЕУ помошта за Балканот

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Помошта на ЕУ за Западен Балкан е попречувана од „значителни недостатоци“ во националните влади, оцени деновиве Европскиот ревизорски суд, тело кое ги контролира финансиите на ЕУ. Во овие земји, меѓу нив и Македонија, според Судот, има недостигот на политичка волја за реформи на институциите.