Горбачов ја откажа посетата на Прага

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов ја откажа посетата на Чешка, поради здравствени причини. Горбачов, кој има 85 години, требаше да присуствува на меѓународна конференција за европската безбедност во Прага, од 16 до 18 септември.

Организаторите на конференцијата денеска соопштија дека лекарите го советувале Горбачов да не патува, оти не се чувствувал добро.

Фондацијата Горбачов, која е еден од организаторите на конференцијата, потврди дека Горбачов е болен, но дека и неговата состојба се подобрува.

Последната официјална посета на Горбачов во Чешка беше во 1999 година, кога тој доби државна награда од поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел.