Извештај за серијата земјотреси во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопјевчера регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во источниот дел на Скопското епицентралното подрачје. Серијата започна со земјотрес во 06 часот и 58 минути, кој имаше локална Рихтерова магнитуда 3.9, а беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала. Во 06 часот и 59 минути, се случи друг земјотрес, со локална Рихтерова магнитуда 2.8, а со интензитет во Скопје и околината од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала. По ова следуваа послаби и непочувствувани земјотреси. Најсилниот земјотрес на серијата се случи во 15 часот и 10 минути, со локална Рихтерова магнитуда 5.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VII-VIII степени според Европската макросеизмичка скала, а со послаби интензитети - и во останатите делови на Македонија. Во Скопје и околината настанаа извесни оштетувања на постарите градби. По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани се околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се почувствувани четири.