Во Русија се истражува дали Меморијал е „странски агент“

Руските власти започнале ревизија во филијалата на Меѓународната група за човекови права Меморијал, за да утврдат дали и таа треба да се смести во групата на „странски агенти“.

Од организацијата велат дека Министерството за правда, постапувајќи по наредба на Канцеларијата на генералниот обвинител, започнале проверка на 5 септември.

Друга филијала на почитуваната московска организација, Меморијал - Центар за човекови права веќе е ставена на листата на странски агенти уште минатата година. Пред два дена Министерството за правда соопшти дека центарот Левада е сврстен во „странски агенти“, оти е финансиран од странски пари.