Последни подготовки за старт на учебната година

Во основните и средни училишта во земјава се врши дистрибуција на учебниците, за кои беше пријавено дека се оштетени. Завршена е и реконструкцијата на 60 училишта во земјава, за почетокот на новата учебна 2016-2017 година сè е подготвено и учениците и наставниците со настава почнуваат на први септември, изјави заменик министерот за образование Спиро Ристовски. Во земјава на први септември учебната година ќе ја почнат 270.000 ученици во основните и средни училишта. Од нив речиси 190.000 ученици се основци, 80.000 се средношколци. Во прво одделение пак досега се запишани 21.250. Според заменик министерот во најголем дел училиштата во поплавените подрачја во скопскиот регион се подготвени за новата учебна година.