Оланд со критика за турската интервенција во Сирија

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ја критикуваше, како што рече, контрадикторната воена операција која Турција ја спроведува во Сирија. Тој вели дека повеќестраните и контрадикторни интервенции во Сирија може да ги влошат судирите во земјата која е веќе уништена од војна. Оланд вели дека може да ја разбере загриженоста на Турција која сака да си ја заштити својата граница од екстремистите од Исламската држава, но ја критикуваше операцијата против курдските бунтовници. Францускиот претседател се заложи за соработка со Русија и рече дека ќе го повика рускиот претседател да ја посети Франција во октомври. Оланд вели дека Русија треба да биде играч во преговорите, а не учесник во акцијата. Тој смета дека борбите треба да престанат и сите страни да седнат на преговарачка маса.