Во Русија истрага за напад со фекалии врз новинарка

Јулија Латинина

Руските власти го истражуваат нападот врз новинарката Јулија Латинина во кој познатата критичарка на претседателот Владимир Путин била полеана со фекалии од непознато лице. Ова се случило во Москва кога Латинина одела на работа. Според неа две лица со моторџиски шлемови ја чекале да изеле од нејзиниот автомобил. Синдикатот на руските новинари соопшти дека нападот бил поврзан со професионалните активности на Латинина.