Германија поддржува делумна забрана на бурки

Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Томас де Мезиер повика на делумна забрана за носење на бурка. Тој вели дека се согласува дека треба да се воведе законска обврска еден ден од лицете да се пoкажува на места каде што е неопходно за да има соживот во општеството. Места како што се државни институции, додека возите, во канцеларијата на регистарот, во училишта и универзитети, во државната служба, во судовите, вели тој.

За бурките, додава, нема место во германското општество и тие не се во согласност со тамошното разбирање на улогата на жените. Претходно, канцеларката Ангела Меркел изјави дека жените кои целосно се прекриваат со бурки и други видови марами, речиси и да немаат можност за интегрирање во општеството. Во Германија живеат околу четири милиони муслимани.