Одложени и откажани летови на Делта ерлајнс

Падот на компјутерскиот систем на Делта ерлајнс предизвикува одложувања и откажувања на летовите и многу проблеми за луѓето кои ги користат нивните услуги. Авиопревозникот со седиште во САД соопшти дека корисниците треба да очекуваат големи откажувања. Од Компанијата велат дека биле погодени серверите во седиштето на фирмата во Атланта, Џорџија. Со околу 5.000 летови дневно, Делта е еден од најголемите оператори во светот.