Контроверзната верска поворка стигна во Киев

Контроверзната верска поворка организирана од украинската Православна црква на московската Патријаршија, влезе во Киев со силно обезбедување. Претходно украински националистички групи се обидоа да им го прекинат патот и да ги спречат да влезат во Киев. Околу 4.500 луѓе се собрале на ритчето Волдимир, за како што велат, да се помолат за мир и за ја одбележат годишнината од прифаќањето на христијанството. Полицијата соопшти дека околу 8.700 луѓе од целата земја влегле во Киев учествувајќи во маршот. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков вели дека нема да им биде дозволено да маршираат низ Киев, поради безбедносни причини. Луѓе од западниот и од источниот дел на Украина го почнаа својот марш кон главниот град на почетокот на месецот. Православните верници во Украина се поделени меѓу три главни цркви: украинска Православна црква на московската Патријаршија, украинска Православна црква киевска Патријаршија и украински автокефална Православна црква.