СДСМ со кривични пријави против Миновски и Бришковска

Опозицискиот СДСМ денеска преку соопштение најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии Кирил Миноски и против заменик министерката за правда Билјана Бришковска во врска со издавањето на последната еврообврзница. Според СДСМ, Миноски еврообврзницата ја издалпротивзаконски, а Бришковска неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите. СДСМ во соопштението наведува дека тие ја злоупотребиле својата должности и дека за тоа треба да одговараат.