Франција во жалост по нападот во Ница

Во Франција е прогласена тридневна жалост за жртвите од нападот во Ница во кој се убиени 86 луѓе. Претседател Франсоа Оланд денеска се среќава со советниците за безбедност, кои работат на откривање на мотивот за нападот. Ниедна групи не ја презедоа одговорноста за нападот во кој камион влета во толпа луѓе на главното шеталиште во Ница.

Во Франција на пладне ќе се одржи едно минутно молчење. Напаѓачот кој беше Французин со туниско потекло е идентификуван како 31-годишниот Мохамед Лахолеј Бухлел. Тој беше застрелан од полицијата. Ова е трет напад со масовни жртви на Франција во изминатите 19 месеци. Обвинителот Франсоа Mолинс, кој ја презеде истрагата, изјави дека нападот има белег на терористичка организација и дека инспекторите ќе се обидат да утврдат дали имало и соучесници во неговото извршување. Молинс соопшти дека меѓу убиените во Ница има 10 деца и тинејџери. Тој исто така рече 52 од 202 луѓе кои беа повреден од нападот се во критична состојба.