Нуланд на разговори со партиските лидери

Викторија Нуланд

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд денеска со средбата со претседтелот на ДУИ Али Ахмети во Американската амбасада, ги почна одделните разговори со лидерите на четирите партии потписници на Договорот од Пржино. По Ахмети, Нуланд во Амбасадата на САД ќе разговара со лидерот на ДПА Мендух Тачи, по што во партиските седишта ќе има средби со претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На средбите, како што најави претходно Стејт департментот, ќе се разговара за билатералните и регионалните прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и создавањето услови за кредибилни избори.