Ирачките сили заземаа клучна воздушна база

Ирачките сили преземаа клучна воздушна база од милитантите од Исламска држава, победа поздравена од владата како голем чекор напред во долго очекуваната акција за преземање на северниот град Мосул.

Во соопштението објавено на интернет страницата на ирачката влада вчера, премиерот Хајдар ал-Абади ја опишува воздушната база во северниот град Кајара како исклучително важна за ослободување на Мосул. Тој ги повика жителите на градот да се подготват за ослободување на нивното место на живеење.

Мосул кој е втор по големина град во Ирак, беше заземен од милитантите од Исламска држава летото 2014 година, кога тие успеа да освојат големи области во северен и западен Ирак. Во март, ирачките сили почнаа со операција за ослободување на областите јужно и југоисточно од градот. Официјален Багдад се уште нема објавено кога ќе почне акцијата за преземање на Мосул.