Оланд - Русија не е закана, туку партнер

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Русија не треба да се смета за закана, туку за партнер.

„НАТО нема никаква улога во она што треба да биде однос меѓу Европа и Русија“, рече Оланд денеска кога пристигна на самитот на Алијансата во Варшава. За Франција, Русија не е непријател, ниту закана. Тој вели дека Русија им е партнер, кој некогаш го осудуваат, како во случајот во Украина. Франција, заедно со другите земји-членки на НАТО, извршија притисок Алијансата да ја задржи отворена својата комуникација со Москва и покрај заладувањето на односите. Париз, исто така, одигра клучна улога во напорите за спроведување на мировните договори во Минск со цел да се стави крај на борбите во источниот дел на Украина.