Репрезентацијата на Португалија се пласира во финалето на Европското фудбалско првенство во Франција, отако синоќа во полуфиналниот меч ја победи селекцијата на Велс со 2 спрема 0. Головите за Португалија ги постигнаа Роналдо во 50 и Нани во 53 минута од натпреварот. Португалија во финалето ќе игра со победникот од вториот полуфинален меч во кој вечер се состануваат репрезентациите на Франција и на Германија.