Полициски кордон не дозволи протест пред Уставниот суд

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Полициjaта ги спречи демонстрантите да протестираат пред Уставниот суд

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Хермелини и водени топови беа поставени на мостот Гоце Делчев во Скопје и не им дозволија на демонстрантите да стигнат до Уставниот суд.

Полициски кордон со хермелини и водени топови ги спречи демонстрантите од Шарената револуција да го преминат мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје и да протестираат пред зградата на Уставниот суд.

Демонстрантите со кренати раце, притискајки кон полицијата и пеејќи ја химната бараа полицијата да ги пушти да го преминат мостот.

Тие извикуваа „Кого браните“, „Шутка не ти бега, Никола“ и „Нема правда, нема мир“. Денешниот протест се одржуваше под мотото „Правдата е устав – СЈО е правда“. На протестниот марш беа запалени и неколку факли.

Демонстрантите уште еднаш го повторија барањето Уставниот суд да ја потврди уставноста на СЈО.

Силниот дожт не ги поколеба околу илјадата граѓани кои се собираа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство да маршираат против политиките на власта.

Протестот започна пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, по што демонстрантите се обидоа да дојдат до Уставниот суд, но беа спречени од полицијата.

Денешниот протест го поддржа и иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и заедно со Шарената револуција протестираа против идејата за барокна фасада на Градскиот трговски центар. Пред почетокот на протестот, дел од демонстрантите поделија баклава за Рамазан Бајрам.