Хајдл и Попоски зборувале за кризата и Брегзит

Европските перспективи на Македонија и политичкиот дијалог за надминување на тековната криза што треба да резултира со спроведување на избори се темите за кои денеска во Скопје разговараа потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, и германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, соопшти МНР. Во соопштението се наведува дека соговорниците разговарале и за последиците за проширувањето на Европската унија по британскиот референдум за напуштање на Унијата.

Хајндл денеска се среќава со лидерите на политичките партии. По средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев, од СДСМ соопштија дека на средбата бил истакнат ставот дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза. По средбата со владејќката ВМРО-ДПМНЕ од партијата соопштија дека изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на политичката криза,