Ѓукановиќ - Русија да ја почитува нашата одлуката за НАТО

Руската иницијатива за воена неутралност на Балканот е нерационална, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и апелираше до Кремљ да го почитува правото на Подгорица сама да донесе одлука за членство во НАТО.

Тој посочи дека „ја почитува историјата на руско-црногорските односи, но оти Русија треба да го почитува правото на Црна Гора сама да донесе одлука за својата иднина“.

„Според моја проценка интеграцијата во Европска унија и во НАТО е добра за Црна Гора“, посочи Ѓукановиќ.