Долниот дом на рускиот Парламент усвои контроверзен антитерористички предлог закон, кој активистите за човекови права го осудија како неуставен.
Државната Дума денеска го усвои предлог законот во второто и третото читање, а за да стане закон мора да биде прифатен од горниот дом на Парламентот и да биде потпишан од претседателот Владимир Путин.
Предлог законот предвидува заострување на казниоте за тероризмот и екстремизмот и зголемување на можностите на Владата за надзор.
Законот е предложен од страна на владеачката партија Обединета Русија.
Либералната опозиција и активистите за човекови права велат дека законот ја нарушува приватноста и граѓанските слободи.