Грција одобри азил за 800 мигранти

Грчките власти дадоа азил на 800 бегалци од островот Лезбос и покрај договорот на ЕУ со Анкара, според кој луѓето треба да бидат вратени во Турција, пишуваат грчките медиуми.

Согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара за мигрантите, на оние кои пристигнале на грчките острови до 20 март може да им биде откажано барањето за азил и да бидат вратени во Турција, бидејќи таа се смета за безбедна земја и таму треба да станат кандидати за азил.

Но многу судови во Грција, кои ги разгледуваат барањата за азил, не ја сметаат Турција за безбедна трета земја, во која кандидатите за азил можат да бидат вратени. Голем дел од нив, кои сакаат да останат во Грција, се болни, малолетни, мајки со деца или имаат роднини кои живеат во земјите во ЕУ.