СЈО ќе ја обжали одлуката за одбивање на мерката претпазливост

Специјалното јавно обвинителство ќе ја обжали одлуката на Кривичниот суд да ги одбие мерките за претпазливост за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, градоначалникот на скопската општина Гази Баба Тони Јакимовски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски како неосновани.

Специјалното јавно обвинителство има рок од 24 часа по добивањето на решенијата да поднесе жалба на одлукaта нa Кривичниот суд.

Синоќа Основниот суд Скопје 1 донесе решение дека нема да применат никакви мерки за претпазливост за тројцата осомничени за случајот “ТНТ“ за уривање на објектот „Косомос“ на Фијат Цаноски, лидер на ПЕИ во 2011 година