На автопат кон Грција транспаренти против Шарената Револуција

.

На автопатот кон Грција денеска се појавија транспаренти против Шарената револуција. На големо платно кое засега не се знае кој го поставил пишува „Пријатен престој во Грција, Шарена револуција”.

Веста ја објавија провладините медиуми, кои пишуваат дека шарените револуционери отишле на одмор.

Претходно Шарената револуција најави нов тип на активности до 18-ти јуни кога истекува крајниот рок за исполнување на нивните барања. Сепак, Шарените и вчера излегоа на протест за да ја потсетат власта дека рокот истекува, па пред Собранието ја офарбаа целата улица и испишаа огромна осумка.