„Шарена револуција“: Одбројуваме до рокот за исполнување на барањата

Демонстрантите на „шарената револуција“ ги подготвуваат боите пред Специјалното јавно обвинителство од каде протестот ќе го продолажт пред Собранието. Шарената револуција денешниот протест ќе го посвети на стрип - јунакот Пецко, со што ќе му оддадат почит на легендарниот карикатурист Дарко Марковиќ.

Во најавите на социјалните мрежи демонстрантите од „Шарената револуција“ велат дека остануваат силни и продолжуваат да одбројуваат до рокот за исполнување на нивните барања за кои, како што велат, остануваат уште 8 дена.

„Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот на демонстрантите, односно да се повлечат сите пријави од МВР заради учество во протестите. Борбата продолжува се додека не се врати правда и демократија во оваа наша држава“, се вели во најавата.