Завршува учебната година

За околу 270.000 ученици, од кои 187 илјади во основното и 81 илјада во средното образование, денеска е последниот ден од наставата во учебната 2015/2016 година.

Учениците деновиве имаат екстерно тестирање по два предмета, од кое резултатите се очекуваат на 17 јуни. На 13 јуни ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на деветоодделенците, бидејќи нив ги чека запишување во прва година средно образование на 28-ми и 29 јуни.

Матурантите, пак, овој месец ги полагаат трите екстерни предмети од државната матура од која им зависи запишувањето на факултет во август.