Протест пред СЈО: „Селективна правда е неправда“

Граѓани и денеска се собираат на протест пред канцелариите на Специјално јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција. Дел од нив на своите лица ги цртаат боите на т.н. „Шарена револуција.“

Во најавите на социјалните мрежи на граѓанското движење „Протестирам“ се вели дека селективна правда е неправда. Чекорејќи по улиците се наметнавме како учесник во решавањето на кризата. Дел од барањата парцијално се остварени, но останува уште доста до остварување на сите барања. Го допревме моментот на сега или никогаш. Остануваме на улица до целосно разрешување на кризата“, се вели во најавата.