Хојт Ји: Селективното поништување на помилувањата ќе го зголеми чувството на неказивност

Архивска фотографија.

Доколку лидерите ги поништат или повлечат помилувањата на само делумен или селективен начин, тоа само дополнително ќе го зголеми растечкото чувство на неказивност во државата и на недостатокот од одговорност, изјави замаеник помошникот државен секреар на САД, Брајан Хојт Ји на прес конференција пред американската амбасада во Скопје.

Тој истакна дека е неопходно политичките лидери да ја поправат штетата предизвикана од помилувањата и оти тоа треба да биде направено на јасен, сеопфатен и недвосмислен начин и што е можно поитно.

Хојт Ји додаде дека одговорноста подразбира и целосна поддршка за сите институции задолжени за спроведување на владеењето на правото, вклучително и Специјалното јавно обвинителство (СЈО) задолжено за расчистување на случаите кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.