Русија демантира дека гради воена база во Палмира

Палмира

Русија демантира дека гради воена база во близина на сирискиот град Палмира, односно во зоната која е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Руското министерство за одбрана соопшти дека кампот бил приврмен и оти неколку воени единици ќе работат на отстранување на мините што таму ги поставиле милитантите на Исламската држава. Се додава и тоа дека сириската влада дала дозвола и за поставување на полска болница и пекарница што ќе бидат користени од локалното население. Сириските сили, помогнати од руски воздушни напади ја освоија Палмира во март годинава.