Цел месец шарени протести

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Еден месец „Шарена револуција“

Еден месец по протестите владата навидум не попушта, но изборите се неизвесни, а речиси сите фактори се против аболицијата. Демонстрантитите велат дека ќе протеститаат сè додека оваа власт не си отиде.

Граѓаните организирани од движењето „Протестирам“, излегоа на улица по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да аболира политичари кои се осомничени меѓудругото за корупција, криминал и изборни измами. Демонстрантитите велат дека не чувствуваат страв, туку чест да бидат дел од Шарената револуција. Велат дека ќе протеститаат сè додека оваа власт не си отиде, но и да упатат порака дека ќе бидат тука и за секоја идна власт која ќе се дрзне да не го почитува народот.

„Никакви права немаме, криминалците слободно се шетаат, нас ни е преку глава веќе да трпиме неправди.“

„Се чуствувам прекрасно, има многу позитивна енергија, има млади луѓе, но и од сите возрасти.“

„Додека не падне оваа власт, нема да се мрднеме од тука. Не се плашиме.“

„Крајно време е застрашувањата да престанат. Тие што седат во власта зависат од нас, не се вечни“, велат демонстрантите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Демонстрантите против државниот грабеж

Демонстрантите својот револт првин го истурија врз Народната канцеларија на Иванов во центарот на Скопје, потоа на ред дојде Министерството за правда, па Триумфалната порта и дел од спомениците и институции од контроверзниот проект Скопје 2014. Со балони со бои тие оставија свој печат на нив, а следуваа и герила акции, па водата во фонтаните на Воинот на коњ и Филип втори беа обоени во црвено, белите мермерни плочки на плоштадот Македонија исто така беа обоени во црвена како црв боја во спомен на младиот Мартин Нешкоски чие убиство власта се обиде да го скрие. Беше обоена и оградата на мостот Слобода која народот го чинеше околу 1,5 милиони евра.

Најинвентивни се чини во герила акциите се битолчани, кои им ја честитаа аболицијата на градоначалникот Влaдимир Талески и на поранешната прва полицајка Гордана Јанкулоска. Потоа со лажни пари „владимирки“ го пречекаа Талески на прес-конференција.

Демонстрантите, кои се дел од Шарената револуција, велат дека очекувале власта порано да ги слушне.

„Не знам зошто толку многу кочат, ако толку се чисти и искрени досега ќе направеа тоа што требаше да го направат.“

„Јас сум многу запрепастена што еден месец помина и ништо не се менува и мислам дека крајно време е ЕУ да ни помогне.“

„Мислам дека ова ќе вроди со плод, ќе треба да помине време, но ќе вроди со плод.“

Првите денови атмосферата на протестите беше тензична, а имаше и судири со полицијата, по што неколку демонстранти беа приведени. Некои од нив се уште се во притвор.

На протестите веднаш се појавија и контра-протести. Поддржувачите на владејачката партија организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) неколкупати се собраа во Скопје, а потоа се насочија кон другите градови.

Протестите организирани од „Протестирам“ најпрвин на критика наидоа од провладините медиуми. Власта не реагираше, освен што веднаш се исчисти фасадата на Владата во која завршија неколку балони со боја, ја санираа и Канцеларија на претседателот, но фасадите на другите објекти и споменици останаа обоени. Во последните денови, откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе листи за учество на изборите на 5 јуни, подмладокот на партијата и членки на Унија на жени презедоа контра акции. Жените се обидоа да ги чистат обоените споменици, а младината исто така боеше постери, но на опозициски политичари.