ДИК ќе ги разгледува поднесените листи

Државната изборна комисија денеска на седница треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатски листи за пратеници за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни годинава.

До синоќа на полноќ кога истече рокот, листи на кандидати за пратеници до ДИК доставија ВМРО-ДПМНЕ, Народно движење за Македонија (НДМ) и Социјалдемократската партија на Македонија.

Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА