Приведен Здравко Савески од Левица

Професор Здравко Савески

Членот на раководството на Левица, Здравко Савески изутрината бил повикан на информативен разговор во полициска станица, по што бил приведен и ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија во пред истражна постапка, со барање за определување на мерка притвор, соопшти политичката партија Левица.

„За уште тројца наши членови на највисоките раководни партиски органи им се стигнати покани за информативни разговори! Настаните за кои тие се товарат е поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и т.н. Шарена револуција“, соопшти Левица.